ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Без Кугис против Мотор, сите други вардарци подготвени за настап (ФОТО)

Ракометарите на Вардар денеска имаат шанса да го заверат местото во осминафиналето, но неколку работи ќе мора да се поклопат односно да бидат одработени денеска како што треба за да се дојде до посакуваното.

Вардар мора денеска сам да си заврши работа и да го совлада тимот на Мотор Запорожје. Сепак, доколку претходно Монпелје го победи Мешков Брест тука сè ќе биде готово и ќе бидат познати имињата на сите екипи кои одат во осминафиналето од групата Б.

Стратегот Стевче Алушовски без заминатите Павел Атман и Даинис Кристопанс ќе му се спротистави на украинскиот првак, додека сите останати освен голманот Кугис се подготвени за настап.Мотор ќе биде без Сорока, Киреев, Јанима и Жуков кои заминаа во Спартак Москва.

Натпреварот меѓу Вардар и Мотор се игра денеска со почеток во 17:30 часот во СЦ „Јане Сандански“.