ПИК Сегед без Мачковшек и Бомбач против Вардар?

Унгарскиот вицепрвак ПИК Сегед во понеделникот објави поради позитивен тест на еден од ракометарите, целиот тим оди во изолација. Затоа ЕХФ немаше друг избор, освен да го одложи натпреварот против ПСЖ од првото коло во Лигата на шампионите.

По новите направени тестови, се појавиле уште четворица позитивни ракометари на коронавирусот. Клубот не ги објави нивните имиња, но според колегите од Унгарија меѓу нив се словенечките интернационалци Деан Бомбач и Борут Мачковшек, како и Бенце Баниди, кој се огласи на социјалните мрежи.

Покрај нив, уште двајца играчи имаат позитивни тестови, а станува збор за играчи од бековската линија. ПИК Сегед веројатно ќе го одложи натпреварот против Цеглед од унгарскиот шампионат, а виси и натпреварот од второто коло на ЛШ на гостински терен против Келце.

Заразените ракометари ќе минат најмалку две седмици во изолација, и по добивање на два негативни теста ќе можат да се приклучат на тимот. Тоа значи дека ПИК Сегед сериозно ќе биде ослабен на средбата против Вардар што треба да се одигра на 1 октомври во Сегед.

Хуан Карлос Пастор би можел да има големи проблеми без овие петмина играчи, со оглед на тоа што и поради повреда не може да смета на Стефан Сигурмансон и Лука Степанчиќ, а пред кратко време на теренот се врати Жоан Кањелас.