Петковски прв стрелец, Узунчев во ТОП 3 на ЕХФ шампионатот

По две одиграни кола на ЕХФ шампионатот за кадети во Летонија, репрезентативецот на Македонија, Александар Петковски ја предводи листата на стрелци, додека неговиот колега, Тодор Узунчев се наоѓа на 3. позиција.

Десното крило, кој во новата сезона ќе настапува за Алкалоид, ги предводи стрелците со вкупно 19 постигнати погодоци на два одиграни натпревари.

Петковски на првиот натпревар против Турција постигна 10 погодоци од 12 обиди, а во дуелот против Косово беше стрелец на девет гола, сите во првото полувреме.

Левиот бек Тодор Узунчев со 11 постигнати погодоци е на третото место на листата на стрелци. Узунчев на првиот натпревар против Турција беше стрелец на 6 погодоци, а на натпреварот против Косово додаде пет гола.

Нашата репрезентација со победите против Турција и Косово веќе обезбеди полуфинале на ЕХФ шампионатот. Избраниците на Раде Стојановиќ утре против Летонија ќе го одиграат последниот натпревар од групната фаза.