Најавите потврдени – Ентрериос го напушта Нант и го презема Лимож

Тренерот на Кире Лазаров во Нант, Алберто Ентрериос дефинитивно ја работи последната сезона во оваа екипа. Гласините дека си заминува се потврдени и тој се сели во редовите на Лимож каде што ќе почне со работа во тимот кој има засилени амбиции за следната сезона.

„Среќен сум ќе што имам можност да работам во клубкој се развива од година во година и има амбиции кои многу добро одговараат на моите желби. Ова е клуб кој сака да направи чекор напред и да продолжи да напредува особено во спортскиот сектор. За мене е голема чест што сум избран да го преземам тренерското место“, вели Ентрериос.

Ентрериос потпиша договор на три години, а во Лимож очекуваат да ги поведе кон горниот дел од табелата во најсилната лига на Франција.

Шпанецот ја заврши својата играчка кариера во Нант во 2016 година после четири сезони во овој клуб. Оттогаш три години работеше како асистент во клубот, а од пред две години е прв тренер на екипата со која годинава игра во Лигата на Европа, а настапуваше и во Лигата на шампионите.