На ЕП во јануари сам ја победи Македонија, сега ќе брани во Втората Бундес лига

Голманот од Австрија кој во јануари на Европското првенство блескаше на натпреварот против Македонија и речиси сам успеа да донесе победа, Томас Ајхбергер си најде нов клуб за следната сезона.

Тој ќе застане на голот на тимот на Ајзенах, кој се натпреварува во Втората Бундес лига. Ајхбергер треба да биде засилување за битка за влез во најсилната лига. Тимот остана без својот тренер Сеад Хасанефендиќ, но тоа нема да ги намали амбициите.

Веќе е ангажиран и пивотот од Хрватска, Кристијан Беќири, кој доаѓа од редовите на Загреб. Покрај тоа трансфер во Ајзенах направи уште еден Австриец. Станува збор за Даниел Дикер, кој и досега беше соиграч на Ајхбергер. Играа заедно во редовите на Грац.