Минимални порази на Пешевски и Миркуловски во Бундес

Двајца од македонските интернационалци кои играат во Бундес лигата Пешевски и Миркуловски забележаа минимални порази во новото коло. Тие ги загубија дуелите со идентични 29:30.

Репрезентативниот пивот Жарко Пешевски кој настапува во екипата на Штутгарт забележа пораз со својот тим на гостувањето кај Фленсбург со минимални 29:30.

Штутгарт му даде силен отпор на фаворизираниот тим на Фленсбург. Во текот на првото полувреме тимот на Пешевски имаше и четири гола позитива, а на полувремето замина со предност од 15:14. Сепак, во продолжението Фленсбург ја оправда улогата и стигна до пресврт и триумф.

Жарко Пешевски имаше солидно издание на овој натпервар, постигна три погодоци од исто толку удари.

Филип Миркуловски со Вецлар беше поразен на домашен терен од Рајн Некар со идентични, 29:30. Уште на полувремето Вецлар имаше негатива од два гола, 13:15 а до крај на дуелот не успеа да стигне до изненадување. Миркуловски немаше учинок на натпреварот.