Металург ја пополни празнината на среден бек, доаѓа репрезентативец на БиХ

Екипата од Автокоманда, Металург, го пополнува ростерот за следната сезона, а во екипата доаѓа репрезентативец на БиХ, Марко Тарабокија. Играчот кој досега настапуваше за екипата на Чурго во првенството на Унгарија, треба да биде новиот организатор на играта на металурзите.

Тарабокија доаѓа во тимот откако пропадна трансферот на Бразилецот Енрике Тешеира, па со него Металург би требало да биде далеку посериозен конкурент и да донесе многу квалитетни средби во новата сезона.

Репрезентативецот на БиХ зад себе има настапи и во Лигата на шампионите, а тоа го има од времето кога беше дел од составот на Висла Плоцк. Се работи за играч кој има 29 години и кој пред да игра за Чурго и Висла Плоцк настапуваше и за Загреб, Марибор и Азоти Пулави.

Тој е по потекло од Хрватска, но поради големата конкуренција одлучи да настапува за селекцијата на БиХ.