Има 40 години, но игра како во младоста – Постигна 18 гола за 60 минути

Поранешниот репрезентативец на Македонија, Владимир Темелков е еден од играчите од генерацијата кои и понатаму се активни, а со своите игри покажува дека за него годините се само бројка.

На последниот натпревар од првенството на Луксембург, тој за тимот на Каерјенг одигра неверојатен натпревар во кој постигна дури 18 гола што беше точно пола од оние на екипата бидејќи на гостувањето кај Дикирх победија со 36:26.

Темелков одигра неверојатно и уште еднаш покажа дека е главен играч во тимот во кој и во Европскиот куп имаше одлична игра.

Владимир Темелков е од генерацијата која во 2000 година играше на Европското првенство за младинци во Атина, а потоа си најде место во сениорскиот состав. Од таа генерација има уште активни играчи меѓу кои се Лазаров, Митков, Ристовски, Стоилов… Иако се на залезот на кариерата сите и понатаму се во неверојатна форма.