За малку избегната сензација во Унгарија, Манасков и Веспрем во финишот го скршија Ференцварош

Унгарскиот Веспрем дури во финишот го скрши отпорот на Ференцварош и ги освои бодовите од тешкото гостување со победата од 27-30.

Избраниците на Момир Илиќ беа во подредена ситуација и до крајот на полувремето, домашниот тим стигна до плус четири, 16-12.

Во второто полувреме, Ференцварош исто така беше доминантен се до последните десетина минути.

По водството 25-22, почнаа да паѓаат домашните, па Штрлек, Јахја, Лекаи…со голема серија голови и плус одбрани на Цупара, направија голем пресврт.

Најдобри стрелци кај Веспрем беа Лигетвари со пет и Лекаи со четири гола, додека Манасков имаше два гола од пет обиди.