За доброто на македонскиот ракомет со три екипи во групната фаза од европските купови

Екипата на Еурофарм Пелистер во новата сезона ќе има што да покаже на неколку „борилишта“, а сосема извесно е дека напролет во домашното првенство односно плеј-офот. Тренерот Жељко Бабиќ уште ја  формира играта за новата сезона, а покрај тоа што не може да смета на официјални натпревари  уште не се знае ни кога почнува СЕХА лигата.

Дотогаш може да се следи формата на директните конкуренти за трофејот Вардр и Металург, а Бабиќ има пофални зборови.

Вордно вели дека очекува Македонија да има три екипи во групната фаза од европските купови.

„Го ценам и Металург. Овој клуб исто така има одличен тренер кој добро си ја врши својата задача. Јас би бил пресреќен кога би го видел и Металург во групната фаза од Лигата на Европа. Кога би успеале во тоа тогаш би направиле премногу бидејќи така би добиле три екипи од Македонија кои би играат групна фаза во Европските купови, а ова секако ќе биде добро и за македонскиот ракомет, но и за македонската репрезентација. Воедно ќе има и зголемено ривалство. Ова може да биде само добро. Така се крева квалитетот, а и ривлаството станува сè поголемо и тоа дава многу и за тимовите и нивниот напредок“, вели Бабиќ во интервју за 24 Ракомет.

Комплетното интервју можете да го прочитате на следниот ЛИНК.