Двојно славје во Кавадарци – пикерот Ѓорѓиески стана татко (ФОТО)

Тимот на Тиквеш преку Шампион со лесен триумф обезбеди место во четвртфиналето на Купот, ама тоа не беше единствена причина за славење во Кавадарци.

Поранешниот младински репрезентативец Пеце Ѓорѓиески стана татко, откако неговата сопруга Елена Крстевска го донесе на свет синот Марко.

Крстевска исто така е ракометарка, и настапува(ше) за Деспина Прилеп, но сега ја чека пауза поради поважна животна улога.