Аеродром се засилува пред битката за Суперлига – дојде Стефан Бошкоски

Тимот на Аеродром го промовираше првото засилување во овој преоден рок, што треба да му помогне на клубот во битката за елитното друштво.

Станува збор за левиот бек Стефан Бошкоски, кој доаѓа од суперлигашот Охрид, а претходно го носеше дресот на Јехона од Гостивар.

Бошкоски минатата сезона беше меѓу најдобрите стрелци во прволигашкото друштво, па со него тренерот Дарко Петровски добива одличен играч на бековските позиции.

Аеродром е веќе пласиран во плеј-офот од Првата лига и е на делба на првото место на табелата со Драчево со по 28 бода на четири кола пред крајот на регуларниот дел.