Членката на Ѓорче Петров 2, Мила Лашкоска, го доби признанието за најкорисен играч, односно ѕвезда на 8. коло во единственото женско сениорско натпреварување.
Младата ракометарка одигра одлично на натпреварот против Спартак, имаше пет погодоци, а еден од нив беше постигнат за реми на нејзиниот тим.
Лашкоска на гласањето доби околу 64% од гласовите на читателите на 24Ракомет, додека второпласирана беше Марија Гугуљанова со 33%.
Во конкуренција за ѕвезда на 8. коло беше и ракометарката на Куманово, Мила Трајковиќ.