ЅВЕЗДА НА 22. КОЛО ОД ЖЕНСКАТА ЛИГА – ИСИДОРА КОТЕВСКА (МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА)

Ракометарката на Металург Автокоманда, Исидора Котевска, го доби признанието за најкорисен играч, односно ѕвезда на 22. коло во Женската лига.

Кадетската репрезентативка на натпреварот против Астибо беше шутерски расположена, зад своето име запиша осум погодоци и подели неколку асистенции кон своите колешки.

Котевска од натпревар во натпревар ги покажува своите квалитети и несомнено е една од најталентираните ракометарки во Женската лига.

Прилепчанката на гласањето доби околу 53% од гласовите на читателите на 24Ракомет, додека второпласирана беше нејзината сограѓанка, членката на Деспина, Ангела Камческа со 42%.

Во конкуренција за ѕвезда на 22. коло беше и кружниот напаѓач на Куманово, Сара Цветановска.