Членката на Металург Автокоманда, Борјана Коцева, го доби признанието за најкорисен играч, односно ѕвезда на 14. коло од плеј-оф фазата во Женската лига.
Бекот одигра одлично на гостувањето кај Чаир, особено во второто полувреме кога се кршеше резултатот и беше меѓу најзаслужните за освоените бодови.
Коцева на гласањето доби околу 70% од гласовите на читателите на 24Ракомет, додека второпласирана беше Андреа Илиќ од Вардар со 18%.
Во конкуренција за ѕвезда на 14. коло од плеј-офот беше и Катерина Дамјановска од Ѓорче Петров.