Селекторот на машката сениорска репрезентација на Словенија, Урош Зорман, во новата сезона ќе седне на клупата на амбициозниот проект на Слован од Љубљана.
Станува збор за клуб каде што тој ја започна својата богата играчка кариера. Ова за него ќе биде нов тренерски предизвик.
Екс репрезентативецот на Словенија во 2020 година се врати во својата татковина и го презеде кормилото на Тримо Требње.
Претходно, две години работеше како помошен асистент на Талант Душабеав во Келце, клуб во кој што ја заврши кариерата.
Слован планира да создаде конкурентен тим за титулата на домашна сцена, па така во ракометните кругови како потенцијални засилување се споменуваат неколку звучни имиња.