Двајца ракометари од македонскиот шампион Еурофарм Пелистер се најдоа на списокот кај словенечкиот селектор Урош Зорман пред стартот на ЕП во Германија.
На поширокиот список кај Зорман партиципираат 35 ракометари, меѓу нив сѐ и голманот Урбан Лесјак и десниот бек Нејц Цехте, кои имаат солидни партии за битолскиот тим.
Репрезентативен повик за првпат доби 20-годишниот член на Целје, Митја Јанц. Средниот бек покажува одлични партии на европска сцена и во досегашниот тек од Лигата на шампиони има постигнато дури 59 погодоци.
Освен Јанц, ново име во репрезентативниот табор е членот на Рико Рибница, Урош Кнавс, додека повратник е екс вардарецот Сташ Скубе, кој не настапи на Европското првенство во Полска и Шведска, ниту на квалификациските натпревари за континенталниот собир во јануари.
Словенија за ривали во групната фаза на Европското првенство ги има репрезентациите на Норвешка, Полска и Фарски Острови. Најдобрите две репрезентации од секоја група ќе продолжат во следната фаза.