„Знаеме колку е тешко да се игра во Битола, среќни сме за победата“

Францускиот ПСЖ славеше во Битола кај македонскиот шампион Еурофарм Пелистер со 31-25 во натпреварот од 11 коло во Лигата на шампионите.

Тренерот на гостинскиот тим, Раул Гонзалес, истакна било лесно да се игра по одличното прво полувреме.

„Ние сме многу среќни за победата, знаеме колку е тешко да се игра во Битола, навивачите создаваат голем притисок за гостинските екипи. Ние ги искористивме нашите шанси, создадовме предност во првото полувреме. Мислам дека чекор по чекор Еурофарм Пелистер ќе оди нагоре“, вели Раул Гонзалес.

Левиот бек Јакоб Холм даде свој придонес во триумфот.

„Фановите направија одлична атмосфера, беше прекрасно да се игра овде. Ние го контролиравме мечот од почеток до крај и задоволни сме со победата“, кажа Холм.

Следен предизвик за ПСЖ ќе биде домашниот дуел со Келце.