Македонскиот Олимписки Комитет и оваа година ги доделува наградите „Златна Олимпија“ за најдобрите дами во спортот.
За најдобри судијки за 2024 година беа избрани ракометните судијки Силвана Карбеска и Марија Илиева.
„16 години на европска сцена, бројни натпревари во Лигата на шампионите, Ф4 во Лигата на Европа, финале во Европски Куп, а оваа награда е само круна на досегашните успеси. Ова ќе биде поттик плус, за мене и мојата колешка, и ветуваме дека македонското знаме и понатаму ќе се вее на терените во Лигата на шампионите“, изјави Карбеска.
Во досегашната меѓународна кариера, Карбеска и Илиева имаат отсудено многу натпревари во Лигата на шампионите, завршен турнир во Лигата на Европа, како и финале во Европскиот Куп, потоа натпревари во ова натпреварување и во машка конкуренција…