Поранешниот српски репрезентативец Живан Пешиќ во наредните две сезони ќе ги брани боите на двократниот европски шампион Вардар.
Пешиќ минатото лето дојде во Охрид, но двете страни решија да се разделат пред истекот на двегодишниот договор, па кружниот напаѓач ќе го облече „црвено-црниот“ дрес од јули.
Станува збор за искусен ракометар, кој има големо искуство низ најдобрите европски клубови. Беше член на Веспрем, Целје, Партизан, Нексе Нашице, Адемар Леон, Хапоел Ришон, Ѓер…
Пред да дојде во Охрид две сезони ги бранеше боите на српскиот шампион Војводина, каде соработуваше со идниот предводник на „гладијаторите“, Борис Ројевиќ.
Во Вардар играат четворица српски ракометари – Марко Срдановиќ, Матија Николиќ, Стефан Петриќ и Младен Крсманчиќ, но допрва ќе биде познато кој од нив и во иднина ќе го носи дресот на „црвено-црните“.