Жил скрати список – еве кои Французи ќе играат против Македонија на ЕП

Селекторот на Франција, Гијом Жил, објави список од 23 ракометари што ќе ги почнат подготовките за Европското првенство во Германија.

Жил „прецрта“ 12 ракометари од широкиот список, но ова е практично најсилниот ростер што го има Франција.

Венсан Жерар има повреда, ќе се појави на подготовките во договор со неговиот клуб Кил, но останува неизвесен за настап на ЕП, па затоа Жил повика уште тројца голмани.

Францускиот селектор смета на браќата Карабатиќ, на Мем, Мае, Ричардсон, Ремили, Пранди, Наи, Турна…

Франција ќе одигра две пријателски средби против Тунис на 4 јануари и против Бразил на 6 јануари. Мечот со Македонија ќе се игра од 18:00 часот во Диселдорф на „Меркур Шпил Арена“ пред повеќе од 50.000 гледачи.