Селекторот на Франција, Гијом Жил, избра 18 ракометари за почетокот на подготовките за Светското првенство 2025 година во Хрватска, Данска и Норвешка.
На овој список не се најде голманот на Штутгарт, Самир Беласен, кој има обврски во Бундес лигата до крајот на годината, но би требало да биде дел од подготовките по Нова Година.
Ова е почеток на нова ера на Франција без Никола Карабатиќ, Валентан Порт, Тимоти Н’гесан…а на списокот не се ниту повредените Елохим Пранди, Кентан Мае…но затоа тука е Дика Мем, за кој прогнозите се дека нема да игра на Мундијалот, а селекторот Жил има надеж дека и Пранди би можел да заигра на СП 2025.
Првиот дел од подготовките ќе се одржи од 21 до 24 декември, потоа следува пауза до 1 јануари, кога би требало да се дефинира списокот.
Французите ќе одиграат пријателски натпревари против Чешка и Португалија на 8 и 10 јануари, а на СП 2025 ќе играат против Катар, Кувајт и Австрија.