Жестоко на турското дерби – 23 гола на Доне, 16 исклучувања, 5 црвени и син картони…

Жестоко беше на турското дерби меѓу Бешикташ и Сакарија, во кое „црно-белите“ го доживеаја првиот сезонски пораз.

Тимот предводен од шпанскиот стратег Рој Санчез загуби од Сакарија на домашен терен со 43-38, што беше прв пораз во 15 кола од турскиот шампионат.

Судиите на овој натпревар поделија дури 16 исклучувања од две минути, пет црвени и сини картони, од кој едниот отиде кај екс пелистерец.

Дарко Стевановиќ беше еден од најкорисните гостински играчи пред да добие црвен и син картон, а најдобар стрелец во победничкиот тим беше ветеранот и екс играч на Бешикташ, Рамазан Доне, со 23 постигнати гола.

Во составот на Бешикташ во кој недостигаa Шпанците Пења и Кастро, како и Украинецот Тилте, по осум гола дадоа Билим и Јагмуроглу, шест пати стрелаа Цветко и Радојковиќ, додека Сорендо постигна два гола.