Поради потребите на младинската репрезентација на Македонија, која ќе се подготвува за СП 2024, како и според барањето на ЕХФ сите женски шампионати да завршат на 25/26 мај, последните две кола од Женска лига ќе се одиграат порано.
Иако беше предвидено 26 коло да се одигра на 1/2 јуни, а 25 коло викендот на 25/26 мај, сепак тоа нема да биде случај.
РФМ го немаше во предвид барањето на ЕХФ, па според првичниот календар Женската лига требаше да заврши на 1/2 јуни.
Сепак двете преостанати кола ќе се одиграат во неколку дена. Со дуелот меѓу Скопје и Гевгелија, кој се одигра вчера започна 25 коло, а останатите натпревари ќе се одиграат од вторник до четврток, додека натпреварите од 26 коло ќе се играат од петок до недела.
Ѓорче Петров е шампион, треба да биде крунисан на домашниот натпревар со Астибо од 25 коло во салата „Христо Батанџиев“.