Зема одмор од ракометот да се одмори психички и физички

Новата ѕвезда на Алборг и данската репрезентација Томас Арнолдсен, нема одиграно натпревар скоро два месеци, но не се работи за повреда.

Тој зема одмор од ракометот на неодредено време, бидејќи се чувствувал психички и физички истрошен, па нејасно е дали ќе се врати за најважните натпревари оваа сезона.

Таква пауза имаше и Микел Хансен кога го направи трансферот во данскиот Алборг бидејќи не можеше да се справи со притисокот.

Арнолдсен имаше значајна улога во играта на Алборг и во играта на Данска на Олимписките игри во Париз, но реши дека му треба пауза за да си го заштити менталното здравје.

Од данскиот Алборг изразија целосна поддршка за Арнолдсен и ќе го чекаат да се врати на терените кога ќе мисли дека е подготвен.