Зечевиќ: Едвај чекам да заиграм пред охридската публика – заедно да ги исполниме целите!

Српскиот репрезентативец Никола Зечевиќ е најновото засилување за амбициозниот Охрид, кој е на чекор до второто место во Македонија, а ќе игра и финале на ЕХФ Купот оваа сезона.

Левиот бек на Партизан, кој одлично се снаоѓа и на централната бековска позиција, ги сподели првите импресии по промоцијата.

„Многу сум среќен и со нетрпение го очекувам мојот прв настап во дресот на Охрид. Не ми беше тешко да ја донесам оваа одлука и да ставам потпис со клубот, со оглед на големите амбиции на клубот кој расте од ден на ден на чело со тренерот Ројевиќ, кого го познавам долги години. Едвај чекам да заиграм пред охридската публика која прави неверојатна атмосфера и се надевам дека ќе ги оправдам очекувањата на сите луѓе во клубот и секако на навивачите и убеден сум дека заедно ќе ги исполниме зацртаните цели“, изјави Никола Зечевиќ.

Зечевиќ има за играње уште два меча од финалето на плеј-офот во српскиот шампионат меѓу Партизан и Војводина, па може со титула да се прости од актуелниот клуб.

Охрид ја активираше четвртата „бомба“ – го донесе капитенот на Партизан!