Македонскиот интернационалец Даниел Андоновски имаше одлично деби за неговиот нов клуб во Италија.
Тој беше најдобар стрелец во победата на неговиот Паламано Трст против Пресано со 27-23 во натпревар од 12 коло.
Андоновски постигна седум погодоци и заслужи да биде играч на натпреварот во кој неговиот тим оствари триумф.
Македонецот во четвртокот пристигна во Италија, вчера го одржа првиот тренинг со екипата, а веќе денеска беше најдобар на своето деби.
Сега следува пауза во италијанскиот шампионат, а следен предизвик за Андоновски и Трст на 13 јануари ќе биде гостинскиот натпревар против Бриксен.