„Заклучете го селекторот во соблекувална пред мечот – не ни треба таков кловн“

Селекцијата на Романија загуби во второто коло од Европското првенство од Црна Гора со 27-25 и си ги намали шансите за место во главната рунда.

Иако ги чека пресметка со Србија, на која со победа ќе обезбедат ТОП 12, сепак романската јавност не е задоволна од одиграно и од тоа како селекторот Флорентин Пера ја води селекцијата од клупата.

Романија губеше многу натпревари во подготвителниот период, и јасно дека без Неагу и Пинтеа тоа е различна репрезентација. Сепак јавноста очекува нешто повеќе од оваа репрезентација, во која поради конфликт со селекторот не играат Кристина Ласло и Елиза Бучески.

Кампањата против Пера во романската јавност трае одамна, а „Handbal Feminin“, кој го следи женскиот ракомет имаше интересен пост за грешките од клупата на мечот со Црна Гора.

„Тим со голем потенцијал, бара тренер! Некој нека го заклучи во соблекувалната актуелниот селектор пред следниот натпревар! Можеме да играме без кловнот покрај аут-линијата“, напишаа на социјалните мрежи.