Селекцијата на Италија обезбеди место во втората фаза од квалификациите за СП 2025 година што ќе се игра во Данска, Норвешка и Хрватска, откако ја победи Турција во реваншот со 37-27.
Иако Турците го добија првиот меч на домашен терен со 37-28, сепак доживеаја дебакл на гостувањето во Италија и загубија со десет погодоци.
Најдобри стрелци кај Италија беа Менгон и Морети со по седум гола, додека исто толку даде Пеливан за Турција, за која играше и членот на Охрид, Ерај Каракоч, и постигна два погодока.
Покрај Италија, место во втората фаза од квалификациите за СП 2025, обезбедија и Естонија, која славеше вторпат над Летонија, овојпат со 28-22, како и Финска, со уште еден убедлив триумф над Велика Британија со 33-12.
Словачка загуби кај Косово со 28-25, но првата победа од десет гола беше доволна за пласман во следната фаза од квалификациите. Последниот патник ќе биде познат по одложениот двомеч меѓу Луксембург и Израел.
Во втората фаза веќе се пласирани Литванија, Белгија и Украина, кои со петте селекции што играа претквалификации ќе формираат четири бараж двојки.