Загуби од Македонија и си поднесе оставка по пет години!

Селекторот на женската репрезентација на Литванија, Каролис Каладинскас, си поднесе оставка на функцијата.

Литванската федерација денеска го потврди заминувањето на Каладинскас и неговиот асистент Кристина Кведариене.

Литванките беа поразени од Макдонија со десет гола разлика, 34-24 во последното коло од квалификациите за ЕП 2024 година.

Претходно Литванија загуби уште еднаш од Македонија на домашен терен, имаше и два убедливи порази од Шпанија, како и изненадувачки пораз од Азербејџан.

Единствената победа беше дома против Азербејџанките, но тоа не беше доволно за нешто повеќе од трето место.

Каладинскас работеше и во младинските селекции на Литванија, но без особен успех, па по пет години заминува од селекторската позиција.