За фрлање предмети на терен казна од 4.000 евра

Европската ракометна федерација објави дека Дисциплинската комисија донела две одлуки за казни.

Турската федерација е казнета со 4.000 евра по случувањата на квалификацискиот натпревар за СП 2025 против Италија одигран во Сердиван.

Откако повеќе предмети од гледалиштето беа фрлени на теренот, ЕХФ отвори случај, за кој донесе одлука во текот на вчерашниот ден.

Покрај казната за турската федерација, казна доби и украинската репрезентативка Алиса Петрив за црвениот картон на дуелот со Германија од квалификациите за ЕП.

Таа доби директен црвен картон по неспортскиот и многу опасен старт над Алина Грисејлс, па ЕХФ реши да ја суспензира на следните три натпревари.

Петрив ќе го пропушти важниот натпревар со Словачка, што може да и донесе настап на Украина на ЕП 2024.