Ракометниот сојуз на Србија се огласи со соопштение посветено на некогашниот селектор на Македонија и тренер на Вардар, Веселин Вујовиќ.
РСС се најде повикан да реагира на последните изјави на Вујовиќ и не бираше зборови да го оцрни неговото име.
По соопштението од ракометната куќа на Србија, се огласи и легендарниот Вујо, кој истакна дека обвинувањата кон него се неосновани.
,,Спомнуваат непочитување на химната или знамето, веројатно обидувајќи се да влијаат на луѓето со националистички чувства, да влеат омраза. Стојам во место при секоја химна, а камоли српската или црногорската. Не можам а да не се запрашам до каде оди оваа омраза, оваа желба да ме дискредитираат. Има луѓе кои сакаат да веруваат во се, жал ми е за семејството, но и ова ќе помине. Каква врска има тоа што се оградувам од Ракометниот сојуз на Србија? Што сум јас во Ракометниот сојуз на Србија? Што се однесува до селектор на српската репрезентација, дали сум понудил да станам селектор? Еве нека ми кажат кој ако сум направил. Не сакав да дојдам во ситуација повторно да ја започнам ракометната лавина”, изјави Вујовиќ за српскиот портал MaxBet Sport.
Веселин Вујовиќ во моментов е селектор на Катар, кој го водеше и на Мундијалот во Данска, Хрватска и Норвешка.
Србите го „запукаа“ Вујовиќ: Човек што не ја почитува химната и знамето не може да биде селектор