Вујо зa хрватската бајка со Сигурдсон: Ова е како во бракот – на почетокот секогаш е идила, а после…

Машката репрезентација на Хрватска обезбеди место на Олимписките игри, откако на квалификацискиот турнир во Германија, ги совлада Австрија и домаќинот.

Ова е фантастично деби на клупата на Хрватска за исландскиот стратег Дагур Сигурдсон, кој ги однесе „коцкестите“ во Париз.

„Фантастично. Јас сум без зборови. Воодушевен сум. Освен на стартот против Австрија, кога имаше малку нервоза во играта на Хрватска, тимот одигра одлично и на двата натпревари. Очигледно е дека играчите му веруваат на Сигурдсон, а тој многу добро знае што прави. Дури и кога Германците се доближија во вториот дел, не видов паника и страв во Хрватска. Дагур е токму таков тренер. Никогаш не паничи, иако може да биде груб со судиите и играчите. Тој делуваше безбедно и смирено, а играчите го следеа примерот. Колку може Хрватска да направи во Париз? Кога Тони Херона пристигна во Србија, владееше еуфорија, особено по победата над Французите. Тогаш реков: „Чекајте луѓе да видиме како ќе биде кога ќе дојдат тешките времиња“. Тоа е исто како во бракот. На почетокот секогаш е идила. Но, почекајте тој да почне да ‘рчи во креветот, да не го дигне капакот од ВЦ шолјата, чекајте таа сабајле да се разбуди без шминка… Мора да почекате, но и да бидете мирни и да ги оставите луѓето да си ја работата работата. Тоа е најважно“, напиша Вујовиќ во стручниот коментар на хрватскиот „Индекс“.

Хрватска денеска ја чека уште еден натпревар против селекцијата на Алжир, а за вториот патник од оваа група ќе се борат Германија и Австрија.