Средниот бек на Магдебург, Гисли Кристјансон, кој на Ф4 турнирот во Келн беше избран за најкорисен играч, односно за МВП, во интервју за „Magdeburger Volksstimme“, зборуваше за неговото опоравување по операцијата на рамото.
За репрезентативецот на Исланд минатата сезона беше сезона од соништата, бидејќи освен златниот медал во елитата и МВП признанието, 24-годишниот ракометар беше прогласен и за најдобар играч на сезоната во Бундес лигата, во која неговиот тим не успеа да ја одбрани титулата и заврши на 2. позиција.
Исланѓанецот на Ф4 турнирот во Келн во полуфиналето против Барселона доживеа повреда на рамото, не се знаеше дали ќе биде подготвен за финалето со Келце, но младиот ракометар и покрај повредата ги предводеше своите соиграчи до златен медал во Лигата на шампионите.
,,Секако дека вредеше да се игра со повреда. Кога ќе се пензионирам и ќе ја завршам кариерата, оваа приказна ќе им ја раскажам на моите деца. Настапот во финалето во Келн никогаш нема да го заборавам. Дефинитивно вредеше да се игра повреден во решавачкиот меч. Самото откажување не е типичен исландски менталитет. Никогаш не размислував да се повлечам. Навистина сакам да се вратам на теренот, но тоа ќе го направам само кога се ќе биде во ред со моето рамо”, изјави Кристјансон.
Членот на Магдебург најверојатно на терените ќе се врати во јануари, но не се знали дали целосно ќе биде подготвен за настапот на ЕП 2024.