ВО ЖИВО: Алкалоид – Силкеборг (ЛИНК)

Екипата на Алкалоид денеска ќе го одигра третиот натпревар од групниот сегмент во Лигата на Европа.

Избраниците на Кире Лазаров за трет ривал го имаат тимот на Силкеборг, кој во првото коло ја совлада Ла Риоха, додека во второто коло беше поразен од српскиот шампион Војводина.

Тимот од Автокоманда во дуелот со данскиот тим ќе атакува на првата победа во дебитанската сезона на европска сцена.

Македонскиот вицепрвак на свое конто има еден, бод, оној освоен на гостински терен кај Ла Риоха.

Натпреварот меѓу Алкалоид и Силкеборг ќе се одигра со почеток од 18:45 часот, а може да го гледате ТУКА и ТУКА.

*за да го следите мечот преку ЕХФ ТВ ќе ви биде потребна регистрација во неколку чекори.