Некогашната ракометарка на Вардар, Алена Ихнева, по десет сезони се враќа во татковината и ќе го носи дресот на амбициозниот проект Черноморочка.
Левиот бек во последните три сезони играше за турскиот тим Коњалти Анталија заедно со Ѓорѓиевска, Јанеска и Гакидова, но овој клуб е пред распад и Ихнева среќата ќе ја побара на друго место.
Ихнева дојде во Вардар во 2014 година, остана две сезони, но не го покажа сиот свој раскошен талент.
Потоа замина во францускиот Флери Луар, играше две сезони и за Подравка, па за унгарската Кишварда, турскиот Кастамону, како и во Коњалти Анталија каде освои трофеј во Европскиот Куп.
Во татковината, 28-годишната Ихнева играше за матичниот клуб Лада Тољати, а кратко беше дел и од Астраханочка. Сега по десет сезони одново ќе заигра дома.