Во Струмица паднаа 70 гола, домаќините подобри од Партизан

Ракометарите на Астраион дојдоа до „два од два“ во прволигашкиот плеј-аут, откако го совладаа Партизан Гевгелија со 37:33 (17:15) во натпревар од 3. коло.

На овој натпревар имаше и по еден црвен картон за домашниот и гостинскиот табор, како и 11 исклучувања, седум од нив беа за Астраион, пет за гостите.

Најзаслужен за победата на домашната екипа беше Васе Наков, кој постигна дури 15 погодоци, седум додаде Јордан Рингов.

Кај гостите од Гевгелија прв стрелец беше Горан Лисичков со 11 погодоци, кои не беа доволни за поволен резултат на неговиот тим.

Во следното коло, екипата на Астраион ќе гостува во Штип кај Текстилец, додека Партизан Гевгелија е слободен.