Во Битола доаѓа големо засилување

Репрезентативецот на Македонија иако имаше уште една понуда од Македонија, од Автокоманда, сепак попримамлива е онаа од Битола, каде што ќе може да игра и во Лигата на шампионите и да се бори за титулата во домашното првенство.

По неполна година Филип Кузмановски се раздели со бундеслигашот Вецлар и кариерата најверојатно ќе ја продолжи во Македонија. Според информациите на 24ракомет, тој е блиску до камбек во неговиот матичен клуб Еурофарм Пелистер. Договорени се сите детали за неговиот трансфер и тој наскоро треба да се појави во салата „Боро Чурлевски“.

Репрезентативецот на Македонија иако имаше уште една понуда од Македонија, од Автокоманда, сепак попримамлива е онаа од Битола, каде што ќе може да игра и во Лигата на шампионите и да се бори за титулата во домашното првенство.

Вецлар објави дека договорот е раскинат спогодбено, односно со взаемна согласност од двете страни, па Кузмановски без оштета ќе замине од Германија иако договорот беше до крајот на оваа сезона.

Кузмановски потекнува од Пелистер, беше дел долго време од Металург, а потоа играше кратко во Еурофарм Работник, пред преселбата во Германија, каде играше за Магдебург, Хановер и Вецлар.

Доколку се официјализира договорот со Еурофарм Пелистер, Кузмановски ќе биде големо засилување за тимот на Бранко Ангеловски, пред се во битките за трофеите на домашната сцена.