Влатко Тасевски, кој досега беше ВД генерален секретар на Ракометната федерација, веќе и официјално ја презема функцијата.
Тој беше единствен кандидат на конкурсот што го објави македонската куќа на ракометот и Тасевски ги исполнува сите услови за да ја преземе функцијата.
Тасевски има повеќегодишно искуство во ракометот, откако беше претседател на ракометниот клуб Бутел Скопје и нема сомнеж дека е вистинскиот избор за одговорната функција.
Управниот Одбор на РФМ го потврди неговиот ангажман, но и претседателите на сите комисии, а назначи и координатор на сите женски репрезентации, како и советниците на претседателот Александар Стефанов за машките и женските репрезентации.
Прочитајте повеќе во продолжение…
Кастратовиќ координатор на сите женски репрезентации, Стрезовски и Начевски советници во РФМ