Тимот на ПАОК Солун, каде што брани македонскиот интернационалец Виктор Гигов, обезбеди место на завршницата во Купот на Грција.
ПАОК на домашен терен го совлада Јоникос Афидеја со 32-26 и успешно ја мина четвртфиналната пречка.
Тимот на Гигов е првиот четвртфиналист, а допрва треба да бидат одигранни уште три меча по кои ќе се бараат и другите учесници.
ПАОК досега три пати го освојувал трофејот во ова натпреварување – во 2012, 2015 и 2017 година, а оваа сезона Ф4 ќе се игра на 6/7 април.