Македонскиот репрезентативен голман Мартин Томовски за првпат во неговата кариера одлучи да се „отвори“ и тоа го направи во викенд-интервјуто за 24Ракомет. На шега прокоментира: „Не зборувам многу ама кога ќе ме погодиш…“ и така се случи, популарниот Маци ја раскажа својата ракометна приказна од самиот почеток.
Чуварот на мрежата почнува од школите на Металург, расте во Пролет, а вистински ќе порасне во тимот од Автокоманда, со кој ќе игра во Лигата на шампионите и во СЕХА лигата. Следат две сезони во Бундеслигата во редовите на Лудвигсхафен каде собира интернационално искуство, а од таму ќе се врати во Скопје, но сега во редовите на Вардар. „Пантерот“ е пред нов предизвик – се враќа на интернационалната сцена, како дел од германски Потсдам, во кој гледа амбициозен проект.
На репрезентативната сцена Томовски е дел од најталентираната генерација, онаа која на Светското првенство во Алжир во 2017 стигна до историското шесто место. Во А тимот дебитира малку подоцна од неговите врсници со оглед на големата конкуренција која ја има на неговата позиција. Од ЕП 2020 е стандарден во националниот дрес, а тивкото и повлечено момче на теренот се трансформира во играч, чија главна мисија е топката да не ја мине гол линијата.
Утре читајте го ракометното патешествие на голманот…