Видеолотарија Касинос Австрија и годинава со поддршка за македонскиот мотоциклистички шампион Христијан Бузалковски во учеството на ФИМ Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам.
Видеолотарија Касинос Австрија ја продложува соработката со македонскиот мотоциклистички шампион Христијан Бузалковски, кој е член на Здружение Мотоклуб СЕВЕНТУ ОНЕ TEAM Скопје. Со најновото спонзорство, ќе овозможиме учество на Бузалковски на ФИМ Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам.
Благодарност до Видеолотарија Касинос Австрија за поддршката која ми ја даваат веќе неколку години. Ова спонзорство ќе ми овозможи да се натпреваруваме на ФИМ Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам во класата Супер сток 1.000цц. Покрај ова натпреварување, ќе учествуваме и во светскиот Ендуранс шампионат, 24хч Ле Манс, која важи за најтешка трка по изджливост. Очекуваме сериозен успех, изјави македонскиот мотоциклистички шампион Христијан Бузалковски.
Спонзорство е дел од стратегијата на Видеолотарија Касинос Австрија како општествено одговорна компанија да ги поттикне спортските навики и да го негува развојот на спортскиот дух кај младите. Видеолотарија Касинос Австрија како модерна и општествено одговорно компанија, ќе остане посветена на поддршката на спортот и спортските настани, кои се од исклучително значење направилно развивање на младите луѓе. Под слоганот „Играј со најдобрите“, помагаме млади кадри од спортот, образованието, културата, медицина. Во текот на изминатите 10 години за спонзорстваи донации издвоивме буџет од над 205 милиони денари.
#ИграјЗаЗабава #ИграјОдговорно#ИграјСоНајдобрите