Македонскиот вицпрвак ја забележа четвртата победа во Супер лигата, откако во дуелот со Аеродром дојде до триумф од 44:30.
Тимот на Дарко Петровски одигра квалитетно во првиот дел, во кој беше повеќе од рамноправен противник и на моменти имаше минимална предност.
Составот на Лазаров на искуство успеа да се одлепи во финишот од првиот дел и на пауза замина со плус пет, 16:21.
Во вториот дел беше видлива разликата на терен, ракометарите на Лазаров заиграа поангажирано во одбраната, ја подобрија реализацијата и од минута во минута започнаа да ја зголемуваат својата предност.
Најефикасен во победничкаат екипа беше Иван Џонов со десет погодоци, осум додаде Александар Петковски. Кај Аеродром се истакнаа Наум Костов со седум и Стефан Бошковски со шест погодоци.