Веспрем се „расфрла“ со пари – понуди 2.000.000 евра за Нилсен!

Унгарскиот гигант Веспрем наводно понудил 2.000.000 евра за трансфер на данскиот голман Емил Нилсен следното лето.

Оваа информација ја откри легендата на германскиот ракомет, Штефан Кречмар, на гостување во подкастот „Harz Blut“.

Нилсен има одлични партии во дресот на Барселона, каде што е во преден план откако Де Варгас потпиша за Кил, па остана во сенка.

Данскиот чувар на мрежата претходно беше дел од Нант, каде што исто така бележеше одлични партии.

Претходно се појавија информации дека Веспрем е заинтересиран и за данскиот голман од Бенфика, Мик Јенсен.

Ако се оствари овој трансфер и ако унгарскиот гигант ја плати таа сума за Нилсен, тогаш тоа ќе биде израмнување на рекордот кој го држат ПСЖ и Никола Карабатиќ, по преселбата од Барса.