Унгарскиот гигант Веспрем очигледно не планира да ги продолжува договорите со двајцата голмани од актуелниот ростер.
По интересот за Емил Нилсен од Барса, со кој според медиумите веќе е договорена соработка од 2026 година, од Веспрем се интересираат за уште еден чувар на мрежата.
Според „Handball Basee“, Веспрем го посакува во своите редови и актуелниот голман на Фуксе Берлин, а поранешен на Вардар, Дејан Милосављев.
Тој е врзан со договор до 2027 година со германскиот клуб, но Веспрем е клуб што може да си дозволи да плати и високи оштети.
Договорите на актуелните голмани на Веспрем, Мајк Јенсен и Родриго Коралес, истекуваат во летото 2026 година.