ВЕРУВАЛЕ ИЛИ НЕ: Шпанските голмани имаа само ЕДНА одбрана за цел натпревар против Хрватска!

Селекцијата на Шпанија, која освојува медал на секое од Европските првенства од 2014 па наваму, доживеа убедлив пораз на отворањето на ЕП 2024 година.

Избраниците на Жорди Рибера загубија од Хрватска со 39-29, а овој пораз донесе со себе уште еден поразителен факт – голманите Гонзало Перез Де Варгас и Сергеј Хернандез имаа само ЕДНА одбрана.

Со овој пораз беше израмнет досега највисокиот пораз во историјата на машкиот ракомет на Шпанија – исто така од Хрватска на СП 2009 со 32-22.

На Европските првенства пак, досега највисоки порази беа од Франција на ЕП 1996 и ЕП 2006 година од по осум погодоци.

Шпанците ќе мораат многу подобро да одиграат на следните два меча против Романија и Австрија со победи да избори место во главната рунда на ЕП.