Вардар пушти во продажба сезонски билети за сите домашни натпревари

Tимот на Вардар oд денеска пушти во продажба сезонски билети за сите домашни натпревари во новата сезона.

По популарна цена од 1.200 денари, навивачите на „црвено-црните“ ќе можат да ги следат сите двобои во СЦ „Јане Сандански“.

Станува збор за натпреварите од Супер лигата, регуларниот дел и плеј-офот, Купот на Македонија, како и дуелите од регионалната СЕХА лига.

Вардарци во претсезоната го освоија трофејот на Стуршкиот турнир, а потоа и Супер Куп трофејот, додека во Супер лигата нанижаа три победи на три меча.