Вардар ги пушти во продажба билетите за дербито, приходот оди за настраданите во Кочани

Од денеска во продажба се пуштени билетите за натпреварот од плеј-офот меѓу Вардар и „сино-белите“ од Автокоманда.

Овој меч е закажан за 2 април во 19:00 часот во СЦ „Јане Сандански“, а цените на билетите се 100, односно 200 денари во зависност од местото на седење во салата.

Продажбата се одвива онлајн ТУКА, и преку продажната мрежа на МК Тикетс, а приходот ќе биде наменет за поддршка на настраданите во трагедијата во Кочани.

Покрај мечот на Вардар, во првата рунда од плеј-офот Бутел Скопје ќе го пречека Охрид, додека шампионот Еурофарм Пелистер гостува во Кавадарци.