„Успеавме да го промениме менталитетот, од поразите правиме трагедија“

Со триумфот над Швајцарија со 29-27, машката репрезентација на Македонија го заврши настапот на Европското првенство во Германија на 17 место.

За Македонија победата над Швајцарија беше многу важна за обезбедување на првиот шешир за баражот за СП 2025 година.

Селекторот Кире Лазаров даде целосна анализа за настапот на Македонија на Европското првенство и како важен детаљ го истакна менталитетот на неговите избраници во клучните моменти против Швајцарија.

,,Успеваме да го промениме менталитетот, во неколку наврати кажав дека треба да го промениме и се надевам дека ова е првиот чекор. После 45 минута против Швајцарија, екипата падна енергетски, се обидувавме на неколку начини да се одржиме, но не одеше, изгубивме доста енергија, репрезентативците на Швајцарија имаат многу силни натпревари во текот на целата сезона во квалитетни лиги и клубови, на нив не им недостасува таа енергија и таа компетитивност на големи натпревари, но успеавме со добра ротација и со спортска среќа, која ја заслуживме, да победиме. Се боревме до крај, имаше една сплотеност, жар, борба, на крајот ја заслуживме победата. Тука не беше ништо стратегиски, ништо тактички, пред натпреварот им кажав на ракометарите само борба и желба. После поразите од Францијаи Германија, не беше лесно да се мотивираат ракометарите, но успеавме во целта”, изјави Лазаров.

Комплетниот разговор со Лазаров може да го погледнете на видеото во продоложение.