Уште еден ракометен великан се наоѓа пред банкрот?!

Еден од некогаш најпознатите ракометни клубови, шпански Адемар Леон се наоѓа пред банкрот.За тешката ситуација во која се наоѓа некогашниот ракометен гигант проговори и претседателот на клубот, Гаетано Франко.

Нема да потпишеме ниту еден ракометар. Немаме финансии за такво нешто. Покраинското собрание на Леон му должи на клубот 180.000 евра. Тој износ го очекуваме цела сезона. Можеби имаме долг од 300.000 евра. А кога ќе дојде време да поднесеме доказ за годишната пресметка на АСОБАЛ лигата, нема да можеме. Клубот се наоѓа пред банкрот.

Ако немате подршка од градските власти тогаш е многу тешко да опстоите. Децата во Леон моментално немаат идоли во ракометот. Се бориме за подобра иднина на клубот. Кога во минатото имавме буџет од 5 милиони евра, тогаш атакувавме на највисоките места, но сега тоа не е случај. Ракометарите си заминуваат од нашиот клуб, во клубови кои имаат многу поголеми амбиции.-изхјави Гаетано Франко.

Многу од актуелните ракометари веќе го напуштија Адемар Леон. Последен на листата кој си замина е српскиот интернационалец Марко Милосављевиќ кој потпиша за Нант. Исто така голем број клучни ракометари ќе го напуштат клубот на крајот на сезоната како левото крило Адриан Каскуеро кој ќе замине во Аикс (Франција), бразилскиот интернационалец Гиљерме Сантиста (можно е да потпише за Истрес), и шутерот Хуан Кастро кој кариерата ќе ја продолжи во швајцарски Шафхаузен.